Британскиот премиер Борис Џонсон, не верува дека сега е време да се зборува за уште еден референдум за независност на Шкотска, изјави неговиот портпарол.
– Тоа не е нешто за што премиерот верува дека јавноста сака да биде фокусирана која било влада во време кога во моментов има значителни предизвици што ги засегаат, рече тој.
Премиерката на Шкотска, Никола Старџен претходно изјави дека наскоро ќе даде повеќе детали за тоа како националниот парламент би можел да продолжи со организирање на нов референдум за независност без согласност на британската Влада.
Таа рече дека врз основа на резултатите од минатогодишните парламентарни избори во Шкотска, постои „неоспорен демократски мандат“ за гласање, кој таа има намера да го почитува, иако британскиот премиер Борис Џонсон одби да издаде наредба да се дозволи тоа.
– Ако сакаме да ја поддржиме демократијата овде во Шкотска, мораме да направиме пат напред, доколку е потребно без наредба од делот 30, рече таа, додавајќи дека се работи на тоа како да се продолжи, имајќи предвид дека британскиот парламент ја има моќта да му оспори на шкотскиот парламент да спроведе референдум.
Извор: МИА