Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев денеска во Софија ќе се сретне со министерот за финансии на Германија Кристијан Линднер и делегацијата предводена од него, соопшти прес-центарот на Министерството за финансии.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, теми на разговорите ќе бидат економската и фискалната состојба во Бугарија, планот за закрепнување и одржливост и реформите поврзани со него, можностите за продлабочување на бугарско-германските економски односи и актуелните меѓународни и европски прашања последиците и предизвиците наметнати од руската воена инвазија на Украина.