Осуетен терористички напад на атлетскиот маратон одржан пролетва во Виена

Од:

Австриските власти спречиле напад врз учесниците на маратонот што во април се трчаше низ улиците на главниот град.

Државните безбедносни служби откриле „спијачи“ на Исламската држава кои планирале напади на повеќе манифестации низ Европа, како одмазда за смртта на нивниот лдиер Абу Ибраим ал-Хашими кој беше убиен во акција на американската војска во северозападниот дел на Сирија.

Според австриските медиуми, нападите биле планирани под кодно име „операција заздравување“.

Државната безбедност и Службата за заштита на уставниот поредок и борба против тероризмот, успеале во соработка со безбедносни служби на други држави да разоткријат опасна ќелија „спијачи“. Таа ќелија, по теркот на „Бостонскиот бомбаш“, планирала да постави експлозивна направа врз цел на виенскиот маратон одржан во април.

Станува збор за група составена од петмина Ирачани, од кои еден уживал статус на азилант после бегалската криза од 2015 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он