Стотици пожарникари се борат со шумските пожари во јужна Франција предизвикани од невообичаени јунски горештини

Од:

Речиси 500 пожарникари се борат со шумските пожари кои избувнаа во околината на францускиот град Монпеље во услови на голема суша и температури кои достигнаа 36 степени Целзиусови.

Според информациите од противпожарна единица во јужниот оддел Гар во регионот Окситанија, на помош биле испратени 9 противпожарни авиони и еден хеликоптер.

Пожарите се уште не се локализирани, а главна задача на пожарникарите е да ги заштитат луѓето и објектите. Зафатени се околу 100 хектари површини надвор од населените места.

Оваа недела Франција се бори со топлотен бран и невообичаено високите температури за средината на јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт