За подолг живот: мед и цимет

Од:

Комбинацијата на мед со цимет освен што го зајакнува имунолошкиот систем, помага при борбата со многу болести, посебно артритисот и проблемите со срцето.

Лековитите својства на медот не ги негира ниту официјалната медицинска наука, со оглед на фактот дека не предизвикува несакани ефекти, а наоѓа примена и при лекувањето на многу болести.

Научните студии на западните експерти напреднале за еден чекор понатаму и откриле уште поголема ефикасност на медот, но кога се комбинира со цимет. Експертите објавија листа на болести која сведочи за најдобрите резултати при користењето на оваа терапија.

Артритис

Официјалните истражувања на Универзитетот во Копенхаген покажале дека од 200 пациенти кои земале мешавина од една лажичка мед и половина лажичка цимет пред појадок, по недела дена 73 од нив целосно се ослободиле од болката. А по еден месец, речиси сите пациенти практично почнале да се движат без да почувствуваат болка. Луѓето кои имале артритис, наутро и навечер консумирале по една чаша топла вода во која биле измешани две лажички мед и една лажичка цимет.

Инфекција на уринарниот тракт

За да се ослободите од инфекција на уринарниот тракт доволно е да пиете само една чаша млака вода во која се растворени две супени лажици цимет и една лажичка мед, наутро и навечер.

Холестерол

Луѓето кои имаат покачен холестерол во крвта, потребно е да пијат одеднаш четири и пол децилитри на чај по сопствен избор, при што во него ќе измешаат две лажички мед и три кафени лажички цимет. Ескпертите велат дека по два часа, нивото на холестерол во крвта ќе се намали за 10%.

Срцево заболување

Ако јадете за доручек лебче намачкано со мешавина од мед и цимет, го намалувате холестеролот и крвниот притисок, со што се спречува појавата за срцев удар.Покрај тоа, дишењето станува рамномерно чукањата на срцето посилни. Експертите во САД и Канада тврдат дека дири и артериите и вените кај постарите лица стануваат попроводни.

Имунолошки систем

Секојдневна употреба на мед ја зајакнува крвта, позитивно влијае на белите крвни клетки кои се многу важни во борбата против бактериите и вирусите. Научно е докажано дека медот содржи големи количини на разни витамини и железо.

Проблеми со варењето на храната

Комбинација на мед и цимет ја ублажува болката во стомакот и ја намалува надуеноста. Неопходно е да се мешаат две лажички мед со лажичка цимет и да се зема исклучиво пред јадење. Редовна употреба ја намалува киселината во желудникот и го подобрува варењето на храната.

Настинка и грип

Една лажичка мед и една лажица цимет. Тоа помага да се ослободите од хроничната кашлица,воспалените синусии останатите симптоми на настинка, па дури и грип, ако е во почетна фаза.

За подолг живот

Шеќерот во медот ја задржува силата на телото, овозможува кожата да биде свежа и мека и го забавува процесот на стареење. Постарите лица кои редовно консумираат мешавина од мед и цимет во еднакви делови се поздрави, повеќе подвижни и еластини. Луѓето кои три или четири пати на ден пијат чај со мед и цимет живеат подолго. За да си направите исцелителна напивка потребно е да измешате четири лажички мед и една лажичка цимет три чаши вода. Потоа се остава и се пие во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска