Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање рече дека руските загуби во Украина би можеле да се зголемат до 40.000 пред крајот на јуни.
Имено, Украина постојано тврди дека Русите губат огромен број војници во војната. Москва не го потврди ова, а проценките на западните официјални лица за загубите на Русија се нешто поконзервативни од оние на Украина.
„Клучната тактичка цел на окупаторите не е променета: тие продолжуваат да вршат притисок врз Северодоњецк, таму се водат жестоки борби – буквално за секој метар“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето во неделата, додавајќи дека руската војска се обидува да донесе нови сили во Донбас.
Зеленски рече дека сликата на 12-годишно момче рането во рускиот напад сега е трајно лице на Русија низ целиот свет.
„Само овие факти ќе одредат како светот гледа на Русија“, рече тој.
„Ниту Петар Велики, ниту Лав Толстој, туку деца ранети и убиени во руските напади“, рече тој, очигледно мислејќи на минатонеделните изјави на рускиот претседател Владимир Путин кој ја спореди воената кампања на Москва со руската инвазија на шведска територија од 18 век.