Македонската кик бокс и маи таи репрезентација ќе настапи на Европското првенство во Маи таи, кое ќе се одржува од денеска до 26-ти август во Кхарков, Украина.
Боите на Македонија ќе ги бранат искусните Мики Ивановски (81кг.) и Далибор Огненов (75кг). И двајцата претставници се носители на медали од претходните првенства и од нив се очекува да се закитат со злато.