Украина му одговори на Бајден: Вие не сакавте да не слушате нас

Од:

Портпаролот на украинскиот претседател Сергеј Никифоров денеска изјави дека не се точни тврдењата на американскиот претседател Џо Бајден дека Владимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.

Никифоров изјави дека американскиот и украинскиот лидер се слушнале неколку пати пред да се влоши ситуацијата и дека Киев побарал воведување превентивни мерки против Москва, јави порталот „Известија“.

-Затоа треба да се разјасни фразата „не сакаше да слуша“. Дополнително, ако се сеќавате, претседателот на Украина ги повика партнерите да воведат пакет превентивни санкции со цел да ја поттикнат Русија да ги повлече своите трупи и да ја деескалира ситуацијата. И веќе можеме да кажеме дека нашите партнери „не сакаа да не слушнат“, изјави Никифоров.

Бајден претходно денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.

-Ништо такво не се случило од Втората светска војна. Знам дека многу луѓе мислеа дека можеби претерувам, рече Бајден, обраќајќи им се на донаторите во Лос Анџелес за да соберат средства за Демократската партија.

Тој додаде дека знаел оти САД имаат информации дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја мине границата, пренесоа американските медиуми.

-Немаше сомнеж во тоа, но Зеленски не сакаше да слушне, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски