Фудбалската репрезентација на Бугарија доживеа сообраќајна несреќа патувајќи со автобус кон Тбилиси на гостувањето кај Грузија на дуелот од четвртото коло во Лигата на нации во конкуренцијата во која е и македонската селекција. Во несреќата тешко е повреден Тодор Неделев.
Неделев со тешки повреди на главата веднаш бил префрлен во болницата во Тбилиси. Фудбалерот бил итно опериран. Процедурата траела повеќе од два часа, а според првите информации од черепот морало да му се извади парче стакло. Играчот за врска на Ботев од Пловдив ќе остане под лекарски надзор во болница една недела.
Бугарија во првите три кола, во Групата 4, во Ц-дивизијата, освои два бода. Одигра 1:1 со Македонија и Грибралтар и загуби дома од Грузија со 5:2.