Хјуман рајтс воч: Талибанците апсат и мачат цивили во Авганистан

Од:

Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска соопшти дека талибанските безбедносни сили во северен Авганистан незаконски апселе и мачеле цивили кои наводно соработувале со ривалски вооружени групи.

Борбите се интензивираа во Панширската долина од средината на мај оваа година, кога Народниот фронт на отпорот во Авганистан (НРФ) ги нападна талибанските упоришта во регионот.

Талибанците одговорија со испраќање илјадници борци и спроведување специјални операции насочени кон сите осомничени за соработка со НРФ, информира ХРВ.

– Талибанците извршиле групни егзекуции, а борците и другите затвореници исчезнаа, што се воени злосторства, се вели во соопштението.

НРФ е анти-талибанска коалиција од регионот кој беше последното упориште на отпорот на Талибанците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан