Албанската влада донесе одлука со која на Украина ќе и донира 1 милион евра.
-По предлог на министерството за Европа и надворешни работи, владата донесе одлука за доделување финансиска хуманитарна помош во износ од 1 милион евра за Украина. Средствата ќе бидат издвоени од фондот на резерви на државниот буџет. Одлуката стапува во сила веднаш, стои во документот.
Износот кој ќе биде дониран претходно го најави премиерот Еди Рама на донаторската конференција за Украина, одржана на 5 мај
Од самиот почеток на руската агресија, Албанија изрази поддршка за Украина, во земјата се сместени над 400 украински бегалци, на билатерален начин, како што изјави Рама, бевме први кои придонесовме со муниција за украинските вооружени сила да свој придонес и во документирањето на злосторствата извршени во Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со видеопорака на 3 мај се обрати до албанските пратеници и меѓу другото се заблагодари на Албанија за поддршката за неговата земја и народ.
Извор: МИА