Американскиот гас за Европа ќе доцни

Од:

Експлозијата во еден од најголемите американски терминали за извоз на течен природен гас (ЛНГ) ќе доведе до намалување на извозот на американскиот гас на светските и европските пазари, кои веќе се под посебен притисок поради напорите на европските земји да запрат увоз на тој енергенс од Русија поради инвазијата врз Украина. Цената на гасот во Европа веднаш порасна.

Важен американски терминал за извоз на ЛНГ ќе биде затворен три недели поради пожарот што избувна на 8 јуни, јави Блумберг пренесувајќи изјава на портпаролот на компанијата Фрипорт ЛНГ.

Експлозијата во постројката во Тексас ќе го намали извозот на американски гас во време кога светот се соочува со недостиг, истакнува Блумберг, посочувајќи дека речиси една петтина од сите испораки на гас во странство од САД поминале преку тој терминал минатиот месец.

Во првите четири месеци од оваа година, САД испратија речиси три четвртини од својот ЛНГ во Европа, која сега добива речиси половина од снабдувањето со гас преку Атлантикот, додека европските земји се обидуваат да ја прекинат зависноста од руски енергенси поради инвазијата врз Украина.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски