Украински воен разузнувач: Речиси веќе немаме оружје, сега се зависи од Западот

Од:

Заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба за Гардијан изјави дека Украина губи од Русија на првите борбени линии и дека сега речиси исклучиво се потпира на оружје од Западот за да ја држи Русија подалеку.

„Ова сега е артилериска војна. Иднината сега ќе се решава на рабовите на бојното поле, а ние губиме на артилериски план“, рече Вадим Скибицкиј, додавајќи:

„Сега се зависи од тоа што ни го дава Западот. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 Руси. Нашите западни партнери ни дадоа околу 10% од тоа што го имаат.

Ја потрошивме скоро целата наша артилериска муниција и сега користиме гранати на НАТО. Европа, исто така, испорачува гранати со понизок калибар, но како што Европа останува без оружје, количината се намалува“, рече тој.

Украинскиот претседател Зеленски минатата недела изјави дека меѓу 60 и 100 украински војници умираат секој ден, а уште 500 се ранети.

Скибицки смета дека конфликтот во блиска иднина ќе биде претежно артилериски и дека бројот на ракетни напади што можат да бидат лансирани од Русија и да погодат цивили ќе остане на сегашното ниво.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски