Украина дневно губи од 100 до 200 војници

Од:

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Би-Би-Си дека од 100 до 200 украински војници ги губат животите на линијата на фронтот секој ден.

Михаило Подољак рече дека на Украина и се потребни стотици западни артилериски системи за да ги израмни силите со Русија во источниот регион Донбас. Тој додаде дека Киев не е подготвен да ги продолжи мировните преговори со Москва.

Украинските трупи се под постојано бомбардирање додека руските сили се обидуваат да ја преземат контролата врз целиот Донбас.

„Руските сили го користат целото оружје на фронтот, а тоа вклучува тешка артилерија, ракетни системи и авијација“, рече Подољак.

Тој го повтори повикот на Украина за повеќе оружје од Западот, велејќи дека „целосниот недостаток на еднаквост“ меѓу руската и украинската армија е причината за големиот број украински жртви.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски