А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Наредба за истрага против две лица за криумчарење на 40 мигранти

by А1он09/06/2022 - 14:00207
Share0

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно дваесет и четиригодишно лице и Барање за поведување на подготвителна постапка против шестнаесетгодишно дете во судир со законот. Постои основано сомневање дека двете лица, жители на села во Општина Желино, сториле кривично дело Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в со ст.2 вв чл. 22 од КЗ, известува Обвинителството.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Во раните утрински часови во текот на вчерашниот ден, на регионалниот пат с.Богородица-с.Стојаково, кај место викано ˶Табла Богородица˝, двајцата осомничени биле затекнати како прифаќаат 40 лица – илегални мигранти во ТМВ марка ˶ Ford Transit˝. Со намера да ги превезат до македонско-српската граница, осомничените ги товарале илегалните мигранти во задниот товарен дел на возилото. По извршен преглед на возилото, полициските службеници утврдиле дека покрај возилото и во неговиот внатрешен товарен дел се наоѓаат четириесет лица илегални мигранти од кои две малолетни лица. Осомничените се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, односно судија за деца при Основниот кривичен суд – Скопје“, соопшти Обвинителството.

„Предметниот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка и судијата за деца достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека судијата за деца на детето во судир со закон му определи мерка – куќен притвор“, се додава во соопштението на Обвинителството.​

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ13/10/2026 - 12:5213/10/2026 - 12:56

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски12/10/2026 - 14:0512/10/2026 - 15:38

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:0304/10/2026 - 11:04

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:4626/09/2026 - 13:57

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски11/09/2026 - 11:5811/09/2026 - 13:29

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео