АРМ утре на плоштад Македонија го слави роденденот

Од:

Естрадни уметници од Македонија заедно со Воениот оркестар на АРМ утревечер од 19 часот ќе одржат концерт на плоштадот „Македонија“ во Скопје по повод прославата за одбележување на 18 Август – Денот на АРМ.

На концертот покрај Воениот оркестар ќе настапат и популарните пејачи Драган Мијалковски, Есма Реџепова Теодосиевска, Мустафа Имери и Блага Петреска.
Програмата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група на Детскиот културен центар ,,Карпош“ од Скопје, а свој настап ќе имаат и припадниците на баталјонот за почести на АРМ, кои ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“, со која ќе ги демонстрираат нивните вештини и строева извежбаност во работа со пушка. На крајот, програмата е предвидено да заврши со настап на DJ Никифор.

„Се покануваат граѓани и љубители на музиката од сите возрасти, утре на плоштадот Македонија во Скопје со почеток во 19 часот, да ни се придружат на прославата на 21-от роденден на АРМ и да се дружат со припадниците на АРМ“, се вели во поканата на АРМ.

Би можело да ве интересира

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски