Најмалку четири лица загинаа во гранатирање на хемиската фабрика Азот во Северодоњецк, информира гувернерот на Луганск Сергеј Хајдаи на социјалните мрежи.
Како што пренесува ДПА, стотици цивили се наоѓаат во фабриката во источна Украина, која во моментов се користи како засолниште за воздушни напади.
Фабриката засега не е опколена со руски војници како што беше случајот во Мариупол.