Кога ќе ве заболи глава, мнозинство од луѓето посегнуваат по лекови, иако постојат многу природни средства кои овозможуваат ефикасно да престане болката. Еве неколку совети кои слободно можете да ги примените…
Пијте повеќе вода
Докторите велат дека често пати главоболката се појавува како последица на дехидрација, односно недоволно внесување на течности во организмот. Затоа, сите оние кои страдаат од чести главоболки треба да пијат најмалку еден литар вода на ден.
Ладни или топли облоги
Секој треба сам да открие дали повеќе му одговараат топли или ладни облоги во случаи кога има главоболка. Ако спаѓате во првата категорија, затоплете ја главата со волнена капа, ставете на челото загреано ленено платно, или пробајте топла купка за нозете.
Ако ви помагаат ладни облоги, тогаш пробајте „студена ролна”. Ставете мраз во крпа, потоа завиткајте ја во алуминиумска фолија и ставете ја под тенка перница. Лежете на перницата така што задниот дел од главата, да биде допрена на ладната ролна.
Едноставна масажа
Против главоболка помага и масирање на енергетските точки кои се наоѓаат помеѓу коренот на палецот и показалецот на раката. Оваа точка масирајте ја со кружни движења околу 30 секунди, а процесот повторете го по кратка пауза.
Нането ја ублажува болката
Маслото од нане е исклучително ефикасно за главоболки. Измасирајте го челото, тилот и слепочниците, со масло од нане и болката ќе исчезне во рок од 15 минути.
Корисен чај
Чајот од рузмарин проверено помага кај главоболки. Мала лажичка сув рузмарин ставете во чаша, прелијте со 250 мл. зовриена вода, оставете да стои десет минути, а потоа исцедете и испијте го чајот.