Денеска привремен прекин на сообраќајот од Св.Стефан до Св.Наум

Од:

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува жителите на Охрид дека денеска, за редовен сообраќај привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид – Св.Наум.

– Привременото затворање ќе започне во 15.00 часот на потегот од туристичкиот комплекс „Св.Стефан“ сѐ до туристичкиот комплекс „Св.Наум“ кај Љубаништа, од каде полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе вршат пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица – учесници на Самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид, соопшти МВР.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на овој патен потег, но и по останатите сообраќајници каде се преземаат соодветни сообраќајно-безбедносни мерки.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава