Неколку стотици приврзаници на Муслиманско братство нападнаа владина зграда во Каиро, објави египетската државна телевизија.
Запален е влезот на зградата и се шири чад на сите страни, објави медиумот.
Египетските судски власти го продолжија денеска притворот на соборениот претседател Морси за уште 30 денови. Исламистичкиот претседател беше уапсен на 3 јули од страна на армијата. Тој се наоѓа на непозната локација под обвинение за убиства и шпионирање.