Чавушоглу на средба со Лавров, Украина и Сирија теми на разговор

Од:

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара има средба со рускиот колега Сергеј Лавров, јави Анадолија.

Планирано е да се разговара за билатералните односи, како и ситуацијата во Украина и во Сирија.

„Продолжуваат интензивните разговори на високо ниво. Претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот (на Република Туркије) Реџеп Таип Ердоган, разговараа телефонски деветпати годинава“, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

Во документот се истакнува дека продолжуваат и контактите меѓу руските и турските министерства и институции.

„Министрите ќе разговараат и за ситуацијата во Украина, Јужен Кавказ, Блискиот Исток, Северна Африка, Централна Азија и за Црно Море. Двајцата министри ќе разговараат и за моменталната ситуација за време на кризата во Украина и ќе разменат мислења за можноста повторно да се почне со мировни преговори меѓу Русија и Украина“, пишува во соопштението.

Ќе се разговара и за ситуацијата во Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски