Две маскирани лица во текот на ноќта извршиле грабеж во позната грчка дискографска куќа во Атина, а според грчките медиуми, одзеле сеф, јави дописничката на МИА од Атина.
Неофицијално, сторителите откако го нападнале чуварот, упаднале во зградата и во канцелариите на компанијата, одзеле сеф и побегнале.
Во тек е истрага на полицијата за пронаоѓање на сторителите.