Норвешка и донира на Украина 22 самоодни хаубици

Од:

Норвешка ѝ донираше на Украина 22 самоодни хаубици, вклучувајќи резервни делови, муниција и друга опрема, соопшти денеска норвешкото Министерство за одбрана.

– Норвешката Влада од безбедносни причини чекаше со јавното објавување на донацијата. Идните донации можеби нема да се објавуваат или коментираат, се вели во соопштението на норвешкото министерство.

И полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера изјави дека неговата земја со Украина го склучува најголемиот договор за испорака на оружје за Киев во последните 30 години.

За време на неговата посета на фабриката за оружје Хута Сталова Вола (ХСВ), Моравјецки објасни дека договорот вклучува испорака на повеќе од 50 хаубици во Украина во вредност од 650 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски