Предложен притвор за Ламбе Алабаковски

Од:

Основното јавно обвинителство Битола предложи мерка притвор за Ламбе Алабаковски, бидејќи постоела опасност тој да се даде во бегство.

„Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Пејачот Алабаковски денеска беше уапсен под сомнение дека го подметнал пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола пред три дена. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Фејсбук“ објави дека е откриено лицето што го подметнало пожарот. Тој истакна дека се работи за брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена.

Запалениот културен центар го посети и бугарската министерка Генчовска, а по посетата изјави дека на снимките видела човек кој мирно пристигнува на велосипед, вади туба со течност и ја истура пред вратата. Генчовска апелираше за брза истрага и рече дека пожарот нема да влијае на македонско – бугарските односи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ламбе Алабаковски го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автокоманда го пречека Ламбе Алабакоски на плоштадот

А1он

Ламбе Алабаковски: Народе мој Ви благодарам за Вашата поткрепа

Ана Ололовска

Мицкоски: Барам слобода за Ламбе, а власта да ги увиди своите грешки, за ова да не стане масовна појава бидејќи народот е револтиран

А1он

Се бара Нобелова награда за Ламбе, револтот од бугарското вето ја оправда пироманијата

Ана Ололовска

Уапсен Ламбе Алабаковски, го подметнал пожарот во бугарскиот центар во Битола

А1он