Вчера во болницата во Бургас e донесено дете на возраст од 12 години, во многу тешка здравствена состојба, пишуваат бугарските медиуми.
Момчето е идентификувано како Олег Николаевич, Русин кој е примен во одделот за реанимација во коматозна состојба и со тешки проблеми со дишењето.
Детето било на летување во Меѓународниот младински камп во Приморско, а истрагата треба да покаже кој е одговорен што детето било потрупано со песок на длабочина од 3-4 метри.
Според изјавите на неговите другари, навидум наивната детска игра на плажа, без надзор од раководителите на кампот, му го загрозила живот.
За случајот е известен и рускиот конзул во Бугарија и направена е специјална процедура на итно издавање на визи за неговите родители да допатуваат во Бугарија за да бидат покрај него.