Мицотакис: Се надевам дека турската реторика нема да се претвори во поголема тензија на теренот

Од:

Се надевам и посакувам и отворено ја охрабрувам Турција оваа реторика да не се претвори во поголема тензија на теренот. Во секој случај Грција има покажано дека е подготвена да го брани својот суверенитет и своите суверени права, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество конференција во Атина, осврнувајќи се на односите со Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека последните случувања во грчко – турските односи е непријатна разврска со оглед на тоа дека по средбата со претседателот на Турција во март имал впечаток дека била постигната рамка на согласност да не постојат дејствија кои директно ќе ја провоцираат другата страна.

Додаде дека Турција не ја почитувала оваа обврска, а конкретната турска реторика за демилитаризација на грчките острови во Егејското море, како и нарушувањата на грчкиот воздушен простор, според Мицотакис, не води никаде и „Грција има обврска, прашањето со турска провокација да го подигне на меѓународно ниво и да бара поддршка од сојузниците.

Оцени дека ситуацијата е далеку од тензиите во текот на летото во 2020 година, порачувајќи дека е потребна самовоздржаност од сите, „особено во период кога НАТО е соочено со руската инвазија во Украина и треба да бидеме обединети и не се потребни дополнителни жаришта во рамките на алијансата“.

Грчкиот премиер спомена дека во кризата со храна на пример би можело да постои соработка со Турција, бидејќи 20 милиони тони пченица се заглавени во Украина и само по морски пат може да излезат, па така Турција би требало да одигра улога во Црното Море, а Грција со оглед на тоа дека ги поседува најголемите бродови.

Осврнувајќи се на изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека не разговара со него, Мицотакис истакна дека не е прв пат да даде таква изјава, рече дека не му се лути и во некој момент ќе разговараат, бидејќи треба да разговараат.

Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори во Грција, грчкиот премиер рече дека актуелната Влада ќе го исцрпи четиригодишниот мандат што завршува за една година.

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната