Уапсен Ламбе Алабаковски, го подметнал пожарот во бугарскиот центар во Битола

Од:

Полицијата го уапси Ламбе Алабаковски под сомнение дека го подметнал пожарот во бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола пред три дена. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Фејсбук“ објави дека е откриено лицето што го подметнало пожарот. Тој истакна дека се работи за брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена.

„ Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!“, стои во објавата на министерот Спасовски.

Бугарскиот центар беше опожарен во саботата утрото, непосредно пред средбата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска со македонскиот колега Бујар Османи, во Скопје. Изгоре дел од влезот на објектот. Дежурен јавен обвинител веднаш изврши увид и издаде наредби за обезбедување на снимките од безбедносните камери од тој но и од околните објекти.

Запалениот центар го посети и бугарската министерка Генчовска, а по посетата изјави дека на снимките видела човек кој мирно пристигнува на велосипед, вади туба со течност и ја истура пред вратата. Генчовска апелираше за брза истрага и рече дека пожарот нема да влијае на македонско – бугарските односи.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ламбе Алабаковски го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автокоманда го пречека Ламбе Алабакоски на плоштадот

А1он

Ламбе Алабаковски: Народе мој Ви благодарам за Вашата поткрепа

Ана Ололовска

Мицкоски: Барам слобода за Ламбе, а власта да ги увиди своите грешки, за ова да не стане масовна појава бидејќи народот е револтиран

А1он

Предложен притвор за Ламбе Алабаковски

А1он

Се бара Нобелова награда за Ламбе, револтот од бугарското вето ја оправда пироманијата

Ана Ололовска