Пожар во фабрика за пластика во Атина, веројатно предизвикан од удар на гром

Од:

Голем пожар избувна доцна синоќа во надворешниот дел на фабрика за пластика во индустриската зона во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а не е исклучена веројатноста, пожарот да бил предизвикан од удар на гром, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот утрово е со намален интензитет и делумно локализиран, иако брзо се прошири и во други делови од фабриката, а со оглед на тоа дека изгореа илјадници пластични цевки, се вршат мерења во воздухот за евентуално присуство на опасни честички.

Кусо пред полноќ, од специјалниот број 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на поширокиот регион да избегнуваат непотребни движења во областа каде што избувна пожарот и да останат во затворен простор

Заменик- префектот на регионот западна Атика Лефтерис Космопулос за грчката телевизија ЕРТ рече дека веројатно пожарот започнал од удар на гром, изгореле три магацини, а ситуацијата утрово е значително подобрена.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната