Заврши гласањето за доверба на Џонсон, наскоро резултати

Од:

Пратениците од британската Конзервативна партија денеска гласаа за доверба на нивниот лидер Борис Џонсон. Пратениците гласаа од 19 до 21 часот по македонско време, а сега следи пребројување на гласовите. Резултатите треба да бидат објавени околу 22 часот.

За заминувањето на Џонсон потребни се мнозинство гласови од 180 пратеници од Конзервативната партија. Доколку тоа се случи, следуваат избори за ново партиско раководство, што ќе значи и смена на премиерската функција.

Би-Би-Си проценува дека 131 пратеник од конзервативците пред гласањето најавиле дека ќе го поддржат Борис Џонсон во гласањето за недоверба. Дејли мејл објави нешто поголема бројка, односно дека за Џонсон ќе гласаат најмалку 156 пратеници.

Пратениците во гласачката сала влегоа низ една врата, а излегоа од друга. Им беше забрането да ги внесат мобилните телефони за да не го фотографираат гласачкото ливче, а гласаа во затворена кабина.

Малку по 20 часот, на гласањето за доверба пристигна и самиот Борис Џонсон. Новинарите го прашаа дали ќе гласа за себе или против. Тој не одговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари