Украинската армија тврди дека ја потиснала руската флота во Црното Море

Од:

Украинската армија денеска соопшти дека ја потиснала руската флота на околу сто километри од украинското лрајбрежје во Црното Море, каде руските бродови со недели спроведуваат поморска блокада.

„По нашите дејствија насочени кон попречување на непријателските воени сили, група бродови на руската флота во Црното Море беа потиснати од украинскиот брег на растојание од повеќе од сто километри“, соопшти украинското Министерство за одбрана преку Телеграм.

Информацијата не може да се провери од независен извор.

Според украинското Министерство, поради тоа руските трупи биле принудени да распоредат крајбрежни одбранбени системи на Крим и јужниот украински регион Херсон, кои се под нивна контрола.

Русите испратија засилување и на Змискиот остров, мала територија во Црното Море што ја окупираа на првиот ден од инвазијата.

„Ја лишивме руската флота од целосна контрола над северозападниот дел на Црното Море, кој стана „сива зона““, соопшти украинското Министерство, додавајќи дека Москва сега се обидува да ја врати контролата.

Киев додаде дека останува заканата од руско истрелување ракети од море, како и дека руските бродови продолжуваат да ја блокираат цивилната пловидба во таа зона.

Поморската блокада на украинските пристаништа ги зголемува стравувањата од глобална прехранбена криза, бидејќи извозот на жито од Украина е блокиран, а светските цени се надвор од контрола.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион