Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски утре ќе го предаде првиот дел од извештајот за извршената ревизија за проектот Скопје 2014 во Јавното обвинителство.
Како што изјави Жерновски, досегашниот тек на ревизијата и подготвениот извештај е добра основа за постапување на институциите, бидејќи се откриени низа незаконистости, од самиот почеток на проектот Скопје 2014.
Слаѓана Тасева и Драган Малиноски членовите на Комисијата за три месеци имаат обврска да подготват финален извештај кој ќе ги содржи сите конкретни и прецизни податоци за контраверзниот проект.
Во првиот извештај беа наведени незаконитостите во постапката, но и некои конкретни примери како тоа со споменикот на Никола Карев. Почетно било оценето дека споменикот на Никола Карев ќе чини 5 милиони денари да се излие во бронза, но на денот на објавување на тендерот цената за избработка се зголемила на 45 милиони денари, со обрзложение дека треба да се направи од мермер.
Сепак, Никола Карев беше излиен во бронза, а одговорот каде завршила разликата од 40 милиони денари за овој споменик, но и за сите останати следува во вториот извештај на Комисијата ангажирана од општина Центар.