Единаесет луѓе повредени во експлозија на цистерни со гас во Бугарија

Од:

Девет лица од 11 повредените во вчерашната експлозија на цистерни со гас во бугарското село Езерово се хоспитализирани во Военоморската болница во Варна, соопшти Военомедицинската академија.

Инцидентот се случил кога се запалила железничка композиција со цистерни натоварени со пропан-бутан во индустрискиот комплекс во селото Езерово.

Гасот се запалил кога пропан-бутанот се претоварал од железничките во автоцистерните.
За гаснење на пожарот биле ангажирани пет пожарникарски екипи.

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила поради техничка неисправност на цистерната.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?