Украина: Рускиот генерал доби две задачи, мора да ги заврши до 10 јуни

Од:

Руските сили напредуваат во неколку области северно од градот Славјанск во источна Украина, откако го завршија прегрупирањето на војниците, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во последните 24 часа, осум цивили загинаа, а 11 се повредени во регионот на Доњецк, откако руските сили гранатираа 15 области, се наведува.

„Руските единици се фокусираат на офанзивни операции за опкружување на нашите војници во Северодоњецк и Лисичанск и за блокирање на главните логистички патишта“, соопшти војската.

„Рускиот генерал Александар Дворников доби задача до 10 јуни или целосно да го окупира Северодоњецк, или целосно да го отсече автопатот Лисичанск-Бахмут и да го стави под контрола“, изјави Серхиј Хајдаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск.

„Значи, огромна количина на сила, сè што имаа, сите резерви – сè беше искористено за да се исполнат овие две задачи“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски