Рамзан Кадиров упати заканувачка порака до украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Чеченскиот лидер на својот канал на Телеграм објави видео во кое го предупредува Зеленски „да се предаде или е готов“. Кадиров му рече на Зеленски да излезе со кренати раце и да каже дека се предава.
„Ќе видите вистинска специјална операција во која сите ќе бегаат, не само од градовите туку и од Украина. Влеговме во индустриската зона, ја пробивме првата одбрана. Нашите војници пристигнаа, штом излеговме убивме четири лица. Другите побегнаа и ја повикуваа мама на руски“, рече Кадиров.
„Во многу блиска иднина руските сили ќе користат нови тактики и ќе постигнуваат поефикасни и побрзи резултати во спроведувањето на специјална операција секој ден. Како потврда на моите изјави, ќе објавам видео докази за уништувањето на нацистите и ѓаволот“, се закани Кадиров.
„Ова е само почеток. Очекувајте изненадувања!“, рече тој.