Најмалку 343 жртви во судирите во Египет, соопшти Министерството за здравство

Од:

Најмалку 343 лица погинаа ширум Египет во судирите меѓу безбедносните сили и приврзаниците на соборениот претседател Мухамед Морси, соопштија денеска официјални претставници на египетското Министерство за здравство.

Претставникот на министарството, Халед Хатиб, за француските медиуми изјави дека во вчерашните судири погинааа најмалку 300 цивили.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во судирите погинале и 43 полицајци.

Според Си-Ен-Ен, Египет ниту во текот на ноќта не беше поштеден од немири и покрај полицискиот час што е воведен во Каиро и неколку други градови по сдирите меѓу безбедносните сили и приврзаниците на Морси.

Повикувајќи се на египетската државна телевизија, Си-Ен-Ен јави дека ноќеска приврзаниците на Морси напаѓале полициски станици, болници и владини згради.

Како што е објавено, дополнителни сили се распоредени на влезовите во Каиро и Гиза, а заради судирите денеска се затворени банките и берзата.

Од вчера во сила е вонредна состојба, откако двата протестни кампови во Каиро беа целосно уништени, додека полицискиот час е во сила од 19 до 6 часот наутро по локално време.

Бројот на жртвите во вчерашните судири се разликува во зависност од изворот, па така „Муслиманско братство“ тврди дека погинале 2.200 лица, а повеќе од 10.000 се ранети.

Двата протестни кампови во Каиро сега се под контрола на полицијата, од кои еден беше расчистен за еден час по стапувањето во сила на полицискиот час, што е воведен во поголемите градови, меѓу кои се Каиро, Александрија и Суец.

Египетските државни медиуми јавуваат дека најмалку 200 лица се уапсени во текот на уништувањето на камповите.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски