Медитеранските земји кои се на главните мигрантски рути кон Европа годинава очекуваат повеќе од 150.000 мигранти, бидејќи недостигот на храна предизвикан од конфликтот во Украина може да предизвика нов бран на миграција од Африка и од Блискиот Исток.
Според податоци на Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) околу 36.400 баратели на азил и мигранти годинава веќе пристигнале во Италија, Шпанија, Грција, Кипар и Малта.
Бројките сè уште се значително помали отколку во 2015 година, кога повеќе од еден милион мигранти пристигнаа во пет земји, бегајќи од сиромаштијата и конфликтите низ Африка и Блискиот Исток.
Извор: МИА