Руските сили комбинирале воздушни напади и масовен артилериски оган за да постигнат надмоќ во Донбас, соопшти британското Министерство за одбрана во својот најнов разузнавачки извештај.
Оваа комбинирана употреба на воздушни и артилериски напади е клучен фактор за неодамнешните тактички успеси на Русија во регионот, се вели во извештајот.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 4 June 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/0aOZJCGvVJ
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/3W92EWHUmh
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) June 4, 2022
Руската воздушна активност останува високо над спорното тло во Донбас, а руските авиони извршуваат напади користејќи и водена и неуправувана муниција.
„Руската воздушна активност е „во голема мера ограничена на длабоки напади со помош на крстосувачки ракети од воздух и од површината за да се попречи движењето на украинските засилувања и залихи“, се вели во соопштението, додавајќи дека самите напади немале значително влијание врз конфликт, а руските залихи на ракети со прецизно наведување се веројатно значително исцрпени како резултат на тоа.