Руското Министерство за одбрана соопшти дека во близина на Одеса руската армија соборила украински воен транспортен авион полн со оружје и муниција.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашеков денеска изјави дека се соборени и 17 беспилотни летала, меѓу кои и два Бајрактар ТБ2.