Обама годинава летниот одмор го минува без ќерките Малија и Саша

Од:

Годинава претседателот на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел, летниот одмор го минуваат без своите ќерки Малија и Саша, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на Белата куќа Џошуа Барнест.

Девојчињата се наоѓаат на одмор во еден таен камп. Подоцна тие сепак ќе им се придружат на своите родители, но Барнест не прецизира кога.

Малија (15) и 12-годишната Саша стануваат се понезависни од своите родители, јавуваат медиумите.

Од сабота Барак и Мишел Обама се наоѓаат во луксузниот остров Мартас Винард, крај брегот на Масачусетс, каде традиционално ги минуваат летните одмори.

Предвидено е Барак Обама да се врати во Вашингтон во недела.

До сега одморот на Обама минува вообичаено, во повеќечасовно играње голф. Во неделата Белата куќа ги изненада репортерите и фотографите, одобрувајќи им нешто невообичаено- да го набљудуваат првиот удар на претседателот.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН