Британскиот премиер Борис Џонсон беше пречекан со свирежи и потсмев од голем број насобрани пред лондонската катедрала Свети Павле.
Голем број луѓе дојдоа да присуствуваат на службата за Денот на благодарноста во чест на кралицата Елизабета.
Oh my word…
Listen to this
That noise you can hear
That right there
…is the will of the people.pic.twitter.com/hWZ7vK6UoV
— Marina Purkiss (@MarinaPurkiss) June 3, 2022
Поранешните премиери на Британија добија благ аплауз кога дојдоа на службата.
Сепак, Џонсон и неговата сопруга Кери беа пречекани од голем број поддржувачи на монархијата со свирежи и потсмев, пренесува Ројтерс.
Мала група луѓе му ракоплескаа и викаа по него.
Џонсон беше принуден неколку пати јавно да се извини откако неговиот персонал одржа серија забави за време на карантинот за Ковид-19, кршејќи ги епидемиолошките забрани, а тој самиот беше казнет за присуство на еден од тие настани.
Сè поголем број пратеници на неговата партија го повикуваат Џонсон да поднесе оставка, со шпекулации дека неговата водечка улога во Конзервативната партија може да биде загрозена, наведува британската агенција.