Загина пешак прегазен кај тетовско Желино

Од:

Во СВР Тетово вчера било пријавено дека на локалниот пат во тетовско Желино, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ф.(42) од ова село, управувано од лице кое го напуштило местото, удрило во пешакот З.С.(50), од истото село.

Од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата. Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. Сопственикот на возилото Д.Ф. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него