Во Полска има уште работа на полето на владеењето на правото, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Варшава.
Таа ова го изјави откако Брисел одобри милијарди евра средства за економско закрепнување на Полска од Ковид-19.
– Не сме на крајот од патот во однос на владеењето на правото во Полска, рече Фон дер Лајен на прес-конференција.
Извор: МИА