На руските лобисти им е забранет пристап до Европскиот парламент, соопшти денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
Таа на Твитер истакна дека Европа мора да се заштити од влијанието на Кремљ и пропагандата за војната во Украина поради што на претставници на руски компании отсега им е забранет влез во парламентот.
– Не смееме да им дозволиме простор да ја шират својата пропаганда и лажни, токсични наративи за инвазијата на Украина, наведе Мецола.
– Ќе останеме обединети и силни против автократите, подвлече таа.
Извор: МИА