Началникот Котески ќе дарува крв по повод Денот на АРМ

Од:

Во рамки на програмата за одбележување на „18-ти Август“ – Денот на АРМ, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи акција за доброволно дарување крв на која ќе се приклучат началникот на Генерлаштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини и директорот на ГШ на АРМ бригадниот генерал Димче Петровски.

Акцијата за дарување крв е дел од големата хуманитарна акција на припадниците на АРМ која веќе се одвива во касарните „Боро Менков“ Куманово и касарната „Н. Х. Страшо Пинџур“ Петровец, а ќе заврши со доброволното дарување на крв во понеделник на 19 август во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он