Русија напредува во Североднецк, Украинците освоија повеќе села на југот на земјата

Од:

Руската операција во северниот дел на Донецк во источна Украина напредува, руската армија ги консолидира позициите, додека украинските сили постигнале напредок на југот на земјата, јавуваат светските агенции, нагласувајќи дека најавите на Западот за дополнителна воена помош за Киев предизвикале закани од Кремљ. Победата во Северодонецк е клучна за Русија, бидејќи падот на привремената престолнина Луганск ќе ѝ даде на Москва контрола врз целиот регион Донбас.

Ако Русија го земе тој град и помалиот Лисичанск, ќе го држи целиот Луганск, една од двете провинции во Донбас на кои Москва полага право во име на сепаратистите. Окупирањето на целиот Луганск би исполнило една од главните цели на рускиот претседател Владимир Путин.

Според регионалниот гувернер на Луганск, Серхи Хајдај, во Северодонецк има уште околу 15.000 луѓе. Руските сили „делумно успеале“ во битката за Северодонецк, објави во средата украинскиот Генералштаб, признавајќи дека Русија сега го контролира источниот дел од градот, но истакна дека жестоките борби продолжуваат и на други места.

Проруските сепаратисти во областа велат дека веќе презеле контрола над 70 отсто од градот, а Андреј Мароко, претставник на самопрогласената Народна Република Луганск, најави дека целиот град наскоро ќе биде окупиран.

Мароко соопшти дека поголемиот дел од украинската армија го напуштила градот, а Русија планира да организира доставување хуманитарна помош до жителите поради катастрофалната ситуација во градот. Донбас со години е во центарот на руско-украинскиот спор, а проруските сепаратисти контролираат големи делови од регионите Луганск и Донецк од 2014 година.

Украинската војска во средата соопшти дека успешно вратила околу 20 села во јужниот регион Херсон. Контранапади беа преземени од градот Днипро, соопшти украинската војска, додавајќи дека украинските сили продолжуваат да напредуваат кон југ.

Иако извештаите не можеа да бидат независно проверени, во последните денови се појавија серија извештаи за движењето на украинските сили кон Херсон, единствениот регионален главен град досега окупиран од руските сили.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел