Бајден најави нова воена помош од 700 милиони долари за Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска објави нов пакет воена помош од 700 милиони долари за Украина, што вклучува мобилни ракетни системи со дострел до 80 километри.

„САД ќе застанат покрај своите украински партнери и ќе продолжат да и даваат на Украина оружје и опрема за да се брани“, рече Бајден.

Тој објави план за испраќање прецизни ракетни системи HIMARS во Украина, откако доби гаранции од Киев дека нема да ги користи за цели на руска територија. Бајден го додаде тој услов за да се спречи ескалација на војната во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион