Унгарија ги блокира новите санкции на ЕУ против Русија, тврдат дипломатски извори за ДПА

Од:

Унгарија повторно бара измени на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија пред да стапи на сила. Тие овојпат бараат поглаварот на Руската православна црква, Кирил да биде отстранет од листата на санкции на ЕУ, велат дипломатски извори за ДПА.

Со тоа барање Унгарија го блокира усвојувањето на шестиот пакет санкции, кој вклучува ембарго за увоз на руска нафта испорачана со бродови, откако беше постигнат политички договор на ниво на шефови на држави или влади.

За да може договорот да стане закон, тој требаше да биде одобрен од амбасадорите или министрите на земјите-членки.

Според дипломатски извори, во тек се консултации со Будимпешта за укинување на блокадата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски