Европската комисија денеска соопшти дека Бугарија се уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната. Бугарија не ги исполнува индикаторите за стабилност на цените и законодавството целосно усогласено со правилата на ЕУ.
Од Комисијата појаснуваат дека во најсиромашната членка на ЕУ инфлацијата на потрошувачките цени е нерамномерна.
Според бугарски медиуми, последните податоци за Бугарија покажуваат висока инфлација предизвикана од растот на цените на енергенсите.
Следниот извештај се очекува да покаже позитивна промена следната година, бидејќи инфлациските притисоци се сметаат за привремени и се очекува значително да паднат.
Извор: МИА