Само седум месеци откако се породи со синот Милан, Шакира веќе ја врати совршената форма и линија по која е позната.
За да се пофали со своето тело, 36 годишната пејачка позирала за магазинот „Селф“, а во интервјуто објаснила и како го постигнала сето тоа.
– За време на бременоста вежбав Зумба, и тоа ми помогна да не качам премногу килограми – вели Шакира.
Секој ден имала и кардио вежби, а работела и на зацврстување на мускулите на задникот и стомакот. Околу оброците, вели дека консумирала 200 до 250 дневно помалку калории од вообичаено.