Тројца починати, 87 нови случаи на Ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 54 нови случаи, во Охрид – 9, во Битола – 8, во Прилеп и Берово – по 3, во Велес, Штип и Кочани – по 2, во Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино – по 1.

Од вкупниот број на позитивни 87, регистрирани се 10 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 3 починати лица, двајца од Скопје и еден од Охрид, на возраст од 64 до 74 години. Две лица се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од осми до 28 мај.

Регистриран e 141 оздравен пациент од: Скопје – 93, Битола и Штип – по 10, Кичево – 5, Прилеп – 4, Охрид и Кавадарци – по 3, Берово, Велес, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Кратово, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 1.384 тестови преку: ИЈЗ-221, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–104, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-20, Биотек-40, Систина-34, лабораторија Лаор-20, Синлаб-9, Ремедика – 15, Плодност-11, Генеа-5, Никоб Лаб-97, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-11, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 600.

Досега во земјата се направени вкупно 2.056.061 тестирања на Ковид-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 146971, Активни 351
Куманово 16674, Активни 5
Битола 15662, Активни 48
Прилеп 14214, Активни 9
Тетово 13480, Активни 6
Кавадарци 10686, Активни 5
Велес 9794, Активни 7
Гостивар 9608, Активни 4
Охрид 8928, Активни 28
Струмица 8073, Активни 1
Штип 8072, Активни 17
Кичево 5651, Активни 3
Кочани 5095, Активни 5
Струга 4728, Активни 1
Гевгелија 4422, Активни 2
Неготино 3694, Активни 7
Ресен 2751, Активни 2
Свети Николе 2634, Активни 3
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2418, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1685, Активни 6
Дебар 1677, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 929, Активни 0
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.022, бројот на оздравени пациенти е 302.202, на починати е 9.306, а бројот на активни случаи изнесува 514.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски